Евтинaта брза храна е пречка за здравиот начин на исхрана

„Ако не преземеме итни мерки за да ги запреме зголемените стапки на дебелина, наскоро можеме да имаме повеќе дебели луѓе отколку недоволно исхранети луѓе во светот“, истакна Грацијано да Силва, генералниот директор на ФАО.

298

Глобализираниот систем за храна го отежнува водењето здрав начин на исхрана и придонесува за дебелината и прекумерната телесна тежина, особено во земјите кои увезуваат најголем дел од нивната храна, укажува Генералниот директор на ФАО, Хозе Грацијано да Силва.

„За жал, стоките и индустријализираната евтина храна се многу полесни за меѓународната трговија“, рече Грацијано да Силва, обраќајќи се на учесниците на техничката работилница за безбедност на храната и здрава исхрана организирана од Папската академија на науките на Ватикан.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...