Најмалку 35 смртни случаи во Хрватска годинава се поврзани со грип, но експертите сметаат дека бројката е значително поголема, но причината за смрт, и покрај грипот, се припишува на друг причинител.
Досега најголем број починати од грип во Хрватска беше 27 лица и тоа лани, но и во 2010 година за време на пандемијата на т.н. свински грип.
Владимир Драженовиќ, вирусолог од Националниот центар за инфлуенца при Хрватскиот завод за јавно здравје, вели дека сезонава по многу нешта е специфична.
– Воочуваме една интензивна година, како според бројот на заболени, така и според траеењето, но и невообичаената доминација на Б вирус. Многу долго сме во висок интензитет. Болниците и амбулантите се постојано полни. Има голем број компликации и никогаш не сме имале поголем број смртни случаи. Годинава најпогодени беа повозрасните лица и речиси сите не беа вакцинирани против грип – истакна Драженовиќ.
Само во текот на минатата недела во Хрватска се пријавени нови шест илјади случаи на заболени од грип, со што вкупната бројка се искачи на 57 илјади. Лекари очекуваат дека до крајот на сезоната официјалната вројка ќе се зголеми на повеќе од 70 илјади заболени.
Драженовиќ оценува дека таа бројка треба да се помножи најмалку со два, бидејќи голем голем број заболени не се пријавени.
Она што е необично, а карактеристично з аоваа сезона, е доминацијата на вирусот од типот Б, сој Јамагата. Вообичаено доминираат висруси од типот А, Х3Н2 или Х1Н1, а Б се појавува на почетокот или на крајот на сезоната, но во значително помал процент.