Светска банка одобри 33,4 милиони долари за подобри социјални услуги

Грантови за инфраструктура ќе бидат достапни преку проектот и предвидено е да биде обезбеден нов предучилишн простор за околу 7500 деца како во урбаните така и руралните општински среднини, вели Марина Петровиќ,

94

Бордот на извршни директори на Светска банка денес го одобри заемот во износ од 33,4 милиони долари наменет за натамошен развој на системот за социјална заштита и рано детско образование и грижа, информираа од Банката.

Парите се наменети за реализација на проектот за подобрување на социјалните услуги во Македонија.

– Преку проектот ќе се зголеми социјалното вклучување на најранливите лица во земјата, преку систем на добро таргетирана и проширена испорака на социјални услуги – вели Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка.

Со овој проект треба да се подобри подготвеноста за училиште, што е клучно за развој на животни вештини и за зајакнување на конуретноста на економијата на долг рок.

Според Светска банка, проектот ќе има сеопфатен пристап, и вклучува проширување на социјалните и услугите за рано детско образование и грижа, подобрување на пристапот до услугите, како и подобрување на квалитетот на испораката на услугите поврзани со социјалната и детска заштита.

Дел вод парите се наменети за подобрување на инфраструктурата за предучилишно образование.

– Грантови за инфраструктура ќе бидат достапни преку проектот и предвидено е да биде обезбеден нов предучилишн простор за околу 7.500 деца како во урбаните така и руралните општински среднини – вели Марина Петровиќ, виш специјалист за социјална заштита при Светска банка и лидер на проектот.

Директни корисници на проектот се корисниците на социјална помош (приматели на паричен транфер) и други ранливи групи на возрасни и деца кои имаат право на социјални услуги, како и административниот персонал во владата и општините, и други субјекти вклучени во обезбедувањето на услуги.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...