Падна првата клапа на краткиот игран филм „Јов“

762

Со снимање на подводни сцени во Охридското Езеро, вчера падна првата клапа на краткиот игран филм со работен наслов „Јов“, во режија на Александар Андоноски.

Филмот претставува интимна приказна за загубата, очајот, тагата и новата реалност што се изнедрува од нив.

Сценариото е на Оливера Андоноска, главните улоги ги толкуваат Димитар Ѓорѓиевски и Марија Спиркоска-Илијеска, а директор на фотографија е Тони Коцев.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, а е во продукција на „Видео Студио Петковски“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...