Вулин: Единствена цел на формирањето косовска војска е судир со Србија

99

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави денеска дека за Србија е сосема неприфатливо формирање на косовска војска и ја повика меѓународната заедница да обезбеди почитување на Резолуцијата 1244 и да не дозволи формирање „нелегални оружени формации кои ќе го загрозат мирот и безбедноста“ во Косово и регионот.

– Одлуката на Приштина за покренување постапка за формирање т.н. војска на Косово е планиран обид за оневозможување на договор и напад на мировните напори на претседателот Вучиќ – оцени Вулин.

Во пишаната изјава до медиумите, Вулин прашува „за што воопшто би служела таа војска, за да се брани од Црна Гора и Македонија или за да ја нападне Албанија“.

– Единствена цел на формирањето војска е судир со Србија и ние нема да дозволиме да се подготви формација која според (Рамуш) Харадинај и (Кадри) Весели треба да стигне до Ниш, смета Вулин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...