Музејот Аја Софија нема да стане џамија

251

Највисокиот турски суд го отфрли денеска барањето истанбулскиот објект од византиско време Аја Софија повторно да стане џамија. Музејот Аја Софија прво бил црква, па џамија, и сега е музеј.

Судот го одби барањето поднесено од една верска група, образложувајќи дека тоа е одбиено од технички причини, односно поради тоа што барањето било поднесено од страна на здружение, а не поединец.

Поранешната византиска соборна црква била претворена во џамија откако Османлиите го освоиле Истанбул во 1453 година, за потоа, турскиот секуларен основач во 1935 година направил музеј кој привлекува милиони туристи годишно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...