Агенцијата за храна и ветеринарство најостро реагира на наводите изнесени во соопштението до јавноста пратено денес од партијата ДОМ, во кое, паушално и беа аргументи се обвинува Агенцијата за наводно водење на „силна ”кампања за „масовен”влез на ГМО во Република Македонија, реагира АХВ.
– Како одговорна институција за безбедноста на храната остануваме на ставот дека од исклучителна важност е почитувањето на правото на потрошувачите на избор на тоа каква храна ќе јадат, секако, водејќи се од основниот принцип и законската обврска на Агенцијата- храната да биде безбедна.
Науката, а не политиканството и собирањето на ситни политички поени, кај граѓаните го има последниот збор за безбедноста на храната, и тоа, како одговорна институција и за Агенцијата за храна и ветеринарство е императив.
Затворени дебати за ГМО, како што неосновано тврди ДОМ во соопштението, ниту имало ниту ќе има, бидејќи Агенцијата како институција останува отворена и транспарентна и во овој процес, залагајќи се производството, увозот и трговијата со ГМО храна да не остане со сивата зона, туку законски да се регулира и контролира, а потрошувачот да одлучи дали ќе ја користи или нe, стои во соопштението на АХВ.