Промовирањето на „родово неутралното воспитување“ е повод да укажеме на опасностите и можните негативни последици кое тоа ги носи. Поедноставено, овој пристап кон воспитувањето е заснован на една точна и две погрешни претпоставки.
Првата, точна, е дека секое дете има способност да развие особини на спротивниот пол, односно, на машки или на женски род.
Втората е дека тоа самото кога ќе дојде време за тоа, ќе „почувствува“ и ќе се определи да биде машко или женско.
Третата е дека родителите немаат право да се мешаат во тој процес и „насилно“ да го вклопуваат детето во неговата друштвена улога и идентитет кои се во согласност со неговиот биолошки пол и хромозомите.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.