Отечени раце, губење на коса и повлекување на црта каде што почнува да расте коса, подочници и жолта кожа, се се тоа карактеристики со кои ренесансниот автор Леонардо да Винчи ја насликал најпознатата слика на сите времиња – „Мона Лиза“.
Дијагнозата ја поставил лекарот од Бостон, Мендип Менра, кој вели дека Да Винчи бил перфекционист кој внесувал детали од реалниот живот и дека не е случајно што Мона Лиза има толку тенки веѓи и низа други симптоми.
– Скоро сум сигурен дека станува збор за болест на штитната жлезда – хипотироидизам. Мона Лиза, која животот го поминала во Фиренца и родила пет деца, била, судејќи по се, болна жена – вели лекарот, кој со ова сака да ги поттикне колегите добро и темелно да ги прегледуваат своите пациенти, бидејќи и само врз основа на изгледот може да заклучат многу работи.
Осумстотини милиони долари вредната слика, отсекогаш е опкружена со мистерии. Некои луѓе и денес тврдат дека на неа воопшто не е прикажана жена, туку дека тоа е лицето на самиот автор или пак на неговиот љубовник и помошник Џан Џакомо Капроти, уметник познат под името Андреа Салаи.
Најзагадочна отсекогаш била насмевката на Мона Лиза – дали прикажува длабока тага или искрена радост? Некои тврдат дека изразот на лицето и положбата на рацете се доказ дека Мона Лиза била бремена, а постои и теорија дека била жртва на семејно насилство, бидејќи не ги покажува забите, а на усните има блага лузна.
ФОТО: Јутјуб