„Евровизија“ сепак ќе се одржи во Израел, но во Тел Авив

Израелските медиуми пишуваат дека Тел Авив е избран од безбедносни причини.

107

Откако израелската пејачка Нета во мај победи на „Евровизија“ со песната Тоу, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) денес соопшти дека град домаќин на 64. издание на фестивалот ќе биде Тел Авив.

По неколкумесечни преговори, организаторите велат дека го избрале Тел Авив, а не Ерусалим, заради инфраструктурата и можностите што ги нуди. Финалето ќе се одржи на 18 мај 2018 година, а полуфиналињата се закажани за 14 и 16 мај, во Експо центарот во Тел Авив.

– Возбудени сме што фестивалот ќе се случува во нов град и се радуваме што ќе работиме со КАН за да ја направиме следната „Евровизија“ најспектакуларна до сега – изјави Јон Ола Санд, претседателот на ЕБУ.

Сепак, израелските медиуми пишуваат дека Тел Авив е избран од безбедносни причини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...