Естонската готвачка Јана Левитина доаѓа во Скопје: Знам што се ајвар и сарма!

Од 19 до 23 септември младата готвачка од Талин ќе одржи работилници за здрави вегетаријански солени и благи јадења, како и бесплатен курс за подготовка на безглутенска храна, за родителите на деца со посебни потреби.

395

На покана на невладината организација „Уметност на живеење Македонија“, од 19 до 23 септември во Скопје ќе гостува естонската готвачка Јана Левитина која ќе одржи бесплатен двоневен курс за подготовка на оброци од безглутенска и бесказеинска храна за лица и деца со посебни потреби, а потоа и работилница за вегетаријанска и веганска солена и слатка храна која ќе се одржи од 21-23 септември.

На бесплатниот  курс ќе имате можност да научите како лесно и правилно да ги подготвите јадењата и како да ги комбинирате за полесно воведување во менито на децата бидејќи начинот на исхрана потпомага за подобри ефекти на останатите терапевтски активности кај децата.

Јана Левитина е специјализирана за подготовка на здрави вегетаријански јадења, а има и исклучителен талент за здрави слатки специјалитети. Поради сето ова, ја побаравме и зборувавме со Јана за нејзиниот ангажман во родната Естонија, но и за она што таа го знае за Македонија и за македонската кујна.

Интервјуто со Јана Левитина прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...