Во Станица 26 гостува легендата на фјужн џез и блуз – гитаристот Скот Хендерсон

192

На сцената на ноќниот клуб „Станица 26“ вечерва во 21 часот повторно во Скопје ќе настапи легендата на американскиот фјужн џез и блуз, гитаристот Скот Хендерсон (Scott Henderson) најпознат по неговата работа во бендот „Tribal Tech“.

Хендерсон е на голема турнеја низ Европа и Скопје е еден од градовите, зацртани во неговата музичка агенда, каде ќе настапи.

– Сметам дека е многу значајно за еден музичар да ги држи постојано отворени ушните школки и да се слуша себеси, и наедно да не потпаѓа лесно под влијание на ниту едно друго мислење, да биде свој, во спротивно може многу лесно да биде нечиј музички клон. Она што можам да ги советувам помладите музичари е да слушаат различен тип музика, од поп, преку џез, кантри, рок, госпел, блуз, фанк и класична музика. Тоа е музиката на која јас израснав. Иако се наобразував на Флорида Атлантик Универзитетот за да научам повеќе за џезот, морам да признаам дека предходно 15 години бев самоук музичар и немав земено ниту еден час по музика. Така што можам слободно да кажам дека сум самоук гитарист, кога е во прашање блузот – вели Хендерсон.

Покрај тоа што е музичар и композитор од светска класа, заштитен знак на Хендерсон е неговиот прекрасен звук и впечатлива виртуозоност да си „поигрува“ со својата гитара и да ги компилира звуците на блуз, рок, фанк и џез.

Можеби она што најмногу восхитува кај овој великан е што денес тој предава на надоаѓачките генерации музичари на Музичкиот институт во Холивуд и честопати пишува во познатите свтски музички магазини, а има напишано и книги, меѓу кои “Џез-гитарски акорд систем”, револуционерна „лектира“ за да можат студентите да ги проучуваат плуралите на џез хармонијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...