Пол Мекартни: Со Џон Ленон заедно мастурбиравме! (ВИДЕО)

Пол Мекартни раскажал многу приказни за „Битлси“ во интервјуто за магазинот „ЏејКју“.

186

Пол Мекартни раскажал многу приказни за „Битлси“ во интервјуто за магазинот „ЏејКју“. Една од нив била за групното самозадоволување додека размислувале за Брижит Бардо (и Винстон Черчил).

Крис Хит од магазинот „ЏејКју“ е еден од најдобрите живи новинари штотуку го објавил богатиот, детален профил на Пол Мекартни.

Хит успеал од Мекартни да извлече нови и фасцинантни приказни, откако тој половина век раскажувал четири исти анегдоти. Во интервјуто се зборува како Мекартни мислел дека ја видел својата ДНК додека била на еден трип, за жабите (ги убивал додека бил мал) и за бушењето на дупка во својот череп (Џон Ленон го убедувал Мекартни дека треба тоа да го направи).

Во тоа интервју постои една приказна која е вредна за внимание. Една вечер, пред да станат познати, Мекартни, Ленон и тројца нивни пријатели седела заедно во дневната соба – и мастурбирале.

Мекартни раскажал дека биле во куќата на Ленон.

– И наместо да се напиеме и да правиме журка – искрено не се сеќавам ни дали преспавме – само седевме во фотељите, светлата беа исклучени и некој почна да мастурбира и сите се придруживме – раскажал Мекартни.

Новинарот пишува дека петмината пријатели почнале наглас да ги изговараат имињата за кои мислеле дека би можеле „да им помогнат“.

– Изговаравме „Брижит Бардо!“ – рекол Мекартни, „и потоа почнувавме уште поагресивно“.

Ова траело сè додека еден од нив не почнал да се шегува.

– Мислам дека Џон рече, „Винстон Черчил!“ – рекол Мекартни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...