Повторно скандал во Ватикан – Папата нареди финансиска истрага на хорот на Систинската капела

Папата Франциско нареди да се спроведе истрага за финансиски малверзации во работењето на познатиот хор на Систинската капела.

162

Папата Франциско нареди да се спроведе истрага за финансиски малверзации во работењето на познатиот хор на Систинската капела.

Според црковните власти, истрагата тајно се вршела во изминатите неколку месеци, а во нејзин фокус се свештениците кои се менаџер и директор на хорот.

Хорот на Систинската капела се смета за најстариот сѐ уште активен хор во светот. Официјално формиран во 1471 година, тој произлегува од традицијата на црковните хорови формирани од папата Григориј Велики во 7-иот век.

ФОТО: Sistine Chapel Choir

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...