Брачната двојка од Британија не била убиена , туку починале од труење во луксузното летувалиште во Египет.
Туристичката агенција ,,Томсон” , која ги врати сите патници дома по мистериозната смрт на брачната двојка во Хургада , немала причина за сомнеж за убиство.
Џон и Сузан Купер од Бирмингем починале од труење на 21 август во хотел во египетското летувалиште Хургада. Во извештајот на локалните власти , брачната двојка била затруена од бактеријата Ешерихија коли.
По мистериозната смрт , во хотелот била испратена вонредна инспекција , која утврдила дека во луксузното летувалиште има многу места загадени со оваа бактерија. истрагата за смртта на брачната двојка траеше три недели.