Актерката Сали Филд успеа сите овие години вешто да сокрие еден дел од својот живот. Седумдесет и едногодишната оскаровка изнесе неколку шокирачки факти за својот живот во мемоарите „Во делови“, што наскоро ќе се најдат во продажба.
– Ќе ми беше многу полесно да почувствував барем само една работа, дека Џоко е суров и застрашувачки. Но, не – напишала оскаровката во мемоарите, од кои извадоци се објавени во „Њујорк тајмс“.
Според содржината, Махони навечер, додека мајката ` не била дома, ја викал Сали во спалната соба.
– Тогаш знаев. Во ист момент ќе се почувствував како беспомошно дете, а не бев. Моќно. Тоа беше моќ. Но. сакав да бидам дете – навела Филд.
Во книгата останува нејасно кога започнало напаствувањето, но било наведено дека престанало кога Сали имала 14 години. Неколку години подоцна, во 1968 година, нејзината мајка се развела од Махони.
Во мемоарите Сали Филд пишувала и за таен абортус што го имала на 17 години, а го направила во Мексико.