Можете ли да замислите училиште во кое децата учат и работат исклучиво она што го сакаат? Тоа може да значи играње игри, градење дрвена куќичка, читање Хари Потер или проучување на гасеници во училишниот двор.
На страницата на Yesmagazine.org најдовме текст за слободните училишта кои на децата им го дозволуваат токму тоа – самите да го учат она што ги интересира. Овој вид на учење се нарекува „самонасочено образование“ или „самонасочено учење“ (self-directed education).
Децата во оваа метода на учење сами одлучуваат како ќе го поминат времето на училиште, а под претпоставка дека имаат природена желба за учење, љубопитност и мотивација кои најдобро доаѓаат до израз во активностите кои вистински ги интересираат.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.