Најмалку 1.670 католички свештеници биле вмешани во 3.677 случаи на сексуално злоставување во Германија помеѓу 1946 и 2014 година, објави Шпигел.
Весникот наведува дека имале увид во извештај за сексуално злоставување во Католичката црква во Германија. Во него се наведува дека повеќе од половина од жртвите биле на возраст од 13 или помалку години, и дека повеќето од нив биле момчиња.
Извештајот што го направија три универзитети за конференцијата на Германската бискупска копнференција, се додава дека секој шести случај бил силување и најмалку 1,670 свештеници биле вмешани.
Германската бискупска конференција не се огласи, но објави дека подготвува одговор.
ФОТО: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN