Уште 120 милиони евра нов заем за инвестициите во општините

Министерот за транспорт, Горан Сугарески апелира општините да не чекаат да се објави оглас за аплицирање на проектите за патна инфраструктура и за водоводи и канализациона мрежа, туку веднаш да ги подготват проектите и да направат приоритетна листа.

238

Со заеми од Светска банка и Европската инвестициска банка во вкупен износ од 120 милиони евра Владата палнира да ги помогне инвестиционите активности на општините за изградба на патишта, водоводи и канализациона мрежа. Парите за општините ќе бидат достапни од средината на следната година, до кога и општините треба да ги подготват проектите.

Ова го најави денеска министерот за траснспорт и врски, Горан Сугарески.

– Од Светска банка ќе бидат обезбедени 70 милиони евра за локаната платна инфраструктура, додека пак од Европската инвестициска банка ќе се обезбедат 50 милиони евра кои ќе бидат наменети за водоводи и канализации во општините. За вториот проект дополнително од буџетот на владата и вратените пари од нереализиараната изградба на карго аеродромот ќе се обезбедат уште 50 милиони евра. Што значи инвестициите во општините ги помагаме со 170 милиони евра – изјави Сугарески.

Тој апелираше општините да не чекаат да се објави оглас за аплицирање на проектите за патна инфраструктура и за водоводи и канализациона мрежа, туку веднаш да ги подготват проектите и да направат приоритетна листа.

– Ова е потребно бидејќи проектите треба да бидарт одобрени и од министерството и потоа од баниките- појасни Сугарески

Парите кои ќе ги добијат општините ќе се распределат според критериумите по кои и досега се распределувале пари од заеми: број на население на општината, површина на општината, нивната развиеност…

Сугарески, како што рече, очекува за две години да бидат санирани најголемиот број од паатиштата во општините.

Анализата што ја направиле претставници на ЗЕЛС и Министерството, јавното претпријатие за патишта покажала дека над 1.000 километри патишта во земјава се оштетени, а најголема оштетеност е регистрирана на патиштата во источниот дел од земјата.

Министерот информира дека од претходниот проект за изградба на водоводи и канализациона мрежа поради ниските капацитети шест до осум општини не се реализирани околу 13 милиони евра од заем на Европската инвестициска банка во износ од 50 милиони евра.

– Овие проекти можат да се реализираат до 2020 година, што значи општините ќе треба да го забрзаат процесот на реализација на проектите – рече Сугарески.

Од Министерството ја разгледуваат и можноста неискористените пари да се дадат на други општини кои побрзо ги реализираат проектите, а на општините на кои им останале нереализирани пари да им се дадат од новиот заем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...