Јавната набавка е направена согласно Годишниот план за јавни набавки на АФПЗРР, и по планот на Владата на РМ за модернизација на институциите, инфомира Агенцијата за финансика поддршка на земјоделството и руралниот развој, по повод написите во дел од порталите.
„Средствата наменети за оваа Јавна набавка изнесуваат 7 милиони денари, од нив 4 милиони денари се планирани и обезбедени од Програмата помош при транзиција за институционална надградба, средства од ИПА фондови. Три милиони денари се обезбедени од Програмата за Финансиска поддршка во руралниот развој. Доколку не ги искористевме овие средства истите ќе ни беа одземени од ЕУ.
Овие средства се наменети за набавка на софтверска и мрежна опрема, а со цел доопремување и унапредување на условите на Агенцијата за финансика поддршка на земјоделството и руралниот развој. За оваа набавка има добиено согласност и од Националниот совет. Огласот за реализирање на оваа Јавна набавка, освен на електронскиот систем за Јавни набавки на РМ, е испратен и до Службеното гласило на ЕУ, и се очекува да биде објавен наредните денови https://ted.europa.eu/TED/main/HomePage.do
Со оваа набвка која ни се овозможува со средства од ЕУ, треба да се забрза обработката на апликациите и барањата и по Националните и по ИПАРД Програмата, за да се овозможи поголема искористеност на средствата кои ни се дадени на располагање. Во врска со бројот на вработени ве информираме дека во АФПЗРР, моментално работно се ангажирани вкупно 222 вработени“, се наведува во реакцијата на Агенцијата.
По однос на вредноста на набавката од Агенцијата информираат дека компјутерите кои се набавуваат мора да имаат гаранција од три години а тригодишна гаранција мора да има и лиценцираниот „Windows office“, затоа што се бара максимална заштита на податоците со кои располага АФПЗРР., затоа што во оваа институција има доверливи податоци, информации за апликантите, кои се корисници и на средствата кои ги нудат по Националните програми, но, и за ИПАРД Програмата.
„Оваа набавка треба да овозможи АФПЗРР, со нејзините софтвери лесно да може да се поврзува со софтверите на останатите институции со кои соработува АФПЗРР, за да може апликациите на земјоделците и на бизнис заедницата која аплицира по Националните и ИПАРД Програмите брзо да се завршуваат и да се овозможи поголема искористеност на средствата кои ни се на располагање.
Предвидено е набавката да има MAF, односно компјутерите да бидат со „BREND NAME“. Компјутерите кои се набавуваат мора да се изведат од добавувачи кои имаат сертификат за инсталација и конфигурација на опремата. Исто така, мора да бидат со најдобри можни перформанси во делот на процесорите, дисковниот и другите компоненти. Мора да поседуваат и сертификати за квалитет и сертификати кои се однесуваат на информатичка опрема“, наведува Агенцијата.
Оттаму додаваат дека критериумот најниска цена е согласно законските прописи.
„Во однос на написот за критериумот за најниска цена согласно чл. 160 став 1 од Законот за јавни набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2015, 78/2015, 192/2015,27/2016, 120/2016, 165/2017 и 83/2018) кој гласи : „Критериум за доделување на договор за јавна набавка е најниска цена“, и согласно став 2 од истиот член кој гласи „По исклучок на ставот (1) на овој член критериум за доделување на договор за јавна набавака може да биде економски најповолна понуда кај набавката на консултански и други услуги од интелектуален карактер, кај постапките за доделување договор за јавно приватно партнерство, како и во случаи каде што поради специфичноста на предметот на договорот не е можно прецизно да се утврди квалитетот или други елементи како минимални услови од техничките спецификации“, се додава во реакцијата од Агенцијата.
Во однос на гаранцијата на понудата Агенцијата има побарано Изјава за сериозност таа е побарана во точка 4.6 од Тендерската документација. Во однос на гаранцијата на понудата, согласно член 47 став 1 од Законот за јавни набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2015, 78/2015, 192/2015,27/2016, 120/2016, 165/2017 и 83/2018) кој гласи „Договорниот орган може да бара гаранција на понуда во вид на банкарска гаранција или депонирани средства, а во спротивно задолжително бара изјава за сериозност на понудата и тоа задолжително го наведува во тендерската документација“.
Околу Банкарската гаранција од Агенцијата информираат дека АФПЗРР како услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен понудувач бара гаранција за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вредноста на договорот. Согласно чл. 48 став 1 од Законот за јавни набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2015, 78/2015, 192/2015,27/2016, 120/2016, 165/2017 и 83/2018) кој гласи „Договорниот орган може да бара од понудувачот чија понуда е избрана за најповолна да обезбеди гаранција за квалитетно извршување на договорот во вид на банкарска гаранција и тоа задолжително го наведува во тендерската документација“ и став 2 од истиот член кој гласи „Висината на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот може да биде од 5% до 15% од вредноста на договорот за јавна набавка.