Путин се правда: Лицата што ги сомничи Лондон се цивили

Повеќе држави како САД, Франција и Канада се приклучија кон британските заклучоци и побараа од Русија да престане со напади врз западните држави.

98

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските безбедносни служби ги идентификувале двете лица кои Велика Британија ги посочи како одговорни за труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

Според Путин, како што јави телевизијата Русија Денес, се работи за двајца цивили, а не за руски агенти.

– Се надевам дека тие ќе контактираат со медиумите, ќе излезат и ќе раскажат се за себе – изјави Путин во Владивосток, каде учествува на Источниот економски форум.

Британската премиерка Тереза Меј и британското обвинителство ги посочија двајцата Руси, кои тие ги идентификуваа како Александар Петров и Руслан Боширов, како извршители на труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија во март во градот Солсбери близу Лондон.

Британските власти објавија фотографии од двајцата Руси, за кои рекоа дека слетале во Лондон од Москва два дена пред труењето и ги обвинија дека се руски агенти.

Повеќе држави како САД, Франција и Канада се приклучија кон британските заклучоци и побараа од Русија да престане со напади врз западните држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...