Во јули издадени 276 одобренија за градба

Од вкупно 276 објекти, на 161 или 58,3 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 115, односно 41,7 отсто инвеститори се деловни субјекти.

76
20130527 Monday 1052 Skopje vmro hotel bristol gradenje SK14

Во јули годинава во Македонија се издадени 276 одобренија за градење или за 34,6 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, со кои е предвидена изградба на 648 станови со вкупна корисна површина од 53.243 метри квадратни во вредност од 4,671 милијарди денари, што е за 200,4 отсто повеќе во однос на ланскиот јули, објави  Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 146 (52,9 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 39 (14,1 отсто) за објекти од нискоградба и 91 (33 отсто) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 276 објекти, на 161 или 58,3 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 115, односно 41,7 отсто инвеститори се деловни субјекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...