Нов компјутер за секој вработен во Агенцијата за земјоделство со тендер од 114.000 евра

434

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави оглас за набавка на компјутери вреден 7 милиони денари или околу 114.000 евра без ДДВ.

Огласот е објавен вчера, а п 

Агенцијата е формирана на 11 јуни 2007 година, со одлука на Собранието на Република Македонија, со цел поуспешна реализација на мерките на земјоделската политика и политиката на руралниот развој во Република Македонија.

Според Правилникот за работа на Агенцијата од септември 2016 година, во неа биле вработени 188 лица, а се предвидени 283 вработувања. Денес има 182 вработени согласно последниот извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор објавен на МИОА.

Критериум за доделување на договорот е најниска цена, а од понудувачот се очекува да има референтна листа на главни испораки (референтна листа) од ист или сличен тип и обем, извршени во последните три години, со вредности, датуми и купувачи со обезбедување на минимум една потврда за извршена испорака издадена од примателите на услугите. Понудувачот треба да обезбеди и приложи авторизациска форма издадена од производителот на опремата за конкретната набавка, и да приложи сертификат од едно вработено лица за инсталација и конфигурација на понудениот хардвер и од едно вработено лице за сервисирање на понудениот хардвер.

а има извршено најмалку една испорака од ист или сличен вид и обем со предметот на набавката во последните 3 години. Авторизација издадена од производителот на опремата (МАФ) за продажба на понудената опрема. Минимум 1 вработен сертифициран за инсталација и конфигурација на понудениот хардвер и минимум 1 вработен сертифициран за сервисирање на понудениот хардвер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...