Путин и Си завртеа палачинки со кавијар и пивнаа вотка на економскиот форум ГАЛЕРИЈА ВИДЕО

632

Рускиот претседател, Владимир Путин го однесе кинескиот колега Си Џинпинг на палачинки, што, како што пренесуваат руските медиуми е приказ на добри лични односи меѓу двајцата водачи.

Путин и Си јадеа палачинки со кавијар и наздравија со вотка на маргините на економскиот форум во Владивосток.

Москва и Пекинг развија „стратешко партнерство” кое ги одразува нивните заеднички ставови кон „униполарниот” свет, термин што ја означува глобалната доминација на САД, пишуваат медиумите.

Приближувањето е олеснето од добрите лични односи на Путин и Си, кој се смета за најмоќен кинески лидер по времето на Мао Цетунг.

Двајцата лидери досега се состанаа скоро 30 пати, а Путин пред извесно време изјави дека кинескиот претседател е единствениот светски лидер што некогаш го повикал на негов роденден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...