Нова планска и проектна документација за електроцентрали од обновливи извори

243

За потребите на Министерството за економија за изградба на електроцентрали од обновливи извори на енергија ќе се изработи соодветна планска и проектна документација.

Информацијата за потребата од документацијата е усвоена денеска на седница на Владата.

За таа немена Министерството за транспорт и врски во рок од три дена до Владата треба да достави предлог за изменување и дополнување на годишната програма за финансирање на изработката на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација, со плански и проектни документации за инфраструктура, соопшти владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...