Трамп: Европа не беше добра кон САД

187

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа оцени дека Европската унија „не се однесува добро“ кон САД во трговијата, со што се обиде да го оправда воведувањето царини за увоз на челик и алуминиум.

– Работат така (ЕУ) што е речиси невозможно да се работи со нив, а всушност тие ни испраќаат свои автомобили и се останато во САД, рече Трамп на прес-конференција во Вашингтон.

– ЕУ никогаш не се однесувала добро кон нас. И тоа е многу неправедна трговска ситуација, оцени американскиот претседател.

Американските власти неодамна соошштија дека може да воведат царини од 25 отсто за челик и десет отсто за увоз на алуминиум на што ЕУ одговори дека подготвува одговор со противмерки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...