Македонскиот музичар Коки Јанков дел од некогашното дуо Дуле и Коки се разведува од својата сопруга Росана Јанков, инаку портпарол во АМСМ.
Тимот на „Ексклузив“ на 1ТВ, дознава дека двојката решила да се разведе по една деценија брак од кој ја имаат и ќеркичката Лара.
Причините за разводот сè уште не се познати иако бракоразводната постапка е во тек, дознава 1ТВ.
Коки и Росана со години важеа за една од најстабилните двојки меѓу познатите личности, брак проследен без скандали и далеку од очите на јавноста.