Меѓународната организација Репортери без граници (РСФ) формираше комисија составена од нобеловци, новинари и правници која ќе изработи меѓународна декларација за слободата на говорот и демократијата.
Декларацијата се очекува да биде предложена при одбележувањето на 70-годишнината од усвојувањето на Декларацијата за човековите права.
РСФ планира со декларацијата да се определат принципите за управување со информациите, за заштита на слободното и плуралистично општество и развој на демократијата.
Во Комисијата се поканети нобеловците Ширин Ебади, Џозеф Стиглиц, Марио Варгас Љоса, професорот Френсис Фукујама и истакнати истражувачки новинари од целиот свет.
ФОТО: EPA/CLAUDIA KORNMEIER