Во изминатите 12 месеци во Мексико биле убиени 175 политичари, соопшти аналитичката агенција Етелект.
Покрај убиствата, забележани се уште 850 напади врз политичари, особено во пресрет на изборите во јули.
Но, и по изборите пресметките продолжуваат – во изминатите два месеци биле убиени 21 политичар, а забележани се уште 63 политички мотивирани напади.
Последниот ваков напад е убиството на штотуку избран градоначалник во северната област Чиуауа.