Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Кралството Шведска во Скопје во петок во 20 часот ќе почне филмски циклус 100 години Ингмар Бергман.
На 28 септември ќе се емитува филмот Лето со Моника по сценарио на Пер Андерс Фогелстрем, а улогите им се доделени на Хариет Андерсон, Ларс Екборг, Дагмар Ебесен.