Блок 2 на РЕК Битола e ставен во функција по редовниот ремонт

186

АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола информира дека Блок 2 на термоелектраната „Битола” денес повторно е ставен во функција, по 47 дена редовен ремонт.

„Во утринските часови, постројката беше синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и ги испорача првите количини електрична енергија по пауза од месец и пол.

По редовниот ремонт на Блок 2 на Термоелектраната Битола, следуваат ремонтни активности на Блок 3 кои ќе траат до 15 октомври. Претходно, капитален ремонт на Блок 1 на РЕК Битола беше направен од 10 мај до 25 јули.“, се вели во известувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...