Автопатот Скопје-Блаце ќе се гради напролет

Изградбата ќе биде во две фази.

523

Јавното претпријатие за државни патишта работи на проектот за изградба на автопатот Скопје-Блаце, која би стартувала напролет следната година, а ќе се одвива во две фази, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој информираше дека во првата фаза ќе се градат 1,6 километри, а паралелно со ќе се допроектира останатиот дел од 10-ина километри, по што ќе се работи паралелно.

– Согласно со одлуката на Економски совет што ја имаме донесено, главен приоритет е Скопје – Блаце, паралелно со изградба на автопатишта низ Република Македонија, така што за очекување е наредната пролет да почне да се гради – рече Сугарески.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...