Во Комо откриени стотици древноримски златни монети

Монетите датираат од 5. век и биле најдени под современиот театар „Кресони".

351

Стотици древни римски златни монети се откриени при археолошки ископувања околу театар во Комо, соопшти италијанското Министерство за културно наследство.

Монетите датираат од 5. век и биле најдени под современиот театар „Кресони”, близу местото, каде што се наоѓал древниот град Новум Комум.

Театарот работел од 1870. до почетокот на 20. век, по што бил претворен во кино-сала. Вон употреба е од 1997 година, па сега треба да биде урнат, за да може на тоа место да биде подигната луксузна резиденција.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...