Во НЛБ Галерија вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Елема Монохроматик“. Изложбата е дел од манифестацијата „56ти Денови на македонска фотографија“ 2018 година.
Изложбата настанува во 2012 година, кога по повод 50 години од своето постоење Фото сојузот на Македонија го формираше „Фотомедиа“ клубот и ја состави колекцијата на фотографии од своите членови „Елема Монохроматик“. Така, автори на оваа изложа се членовите носители на безброј награди и признанија.
„Елема Монохроматик“ вечерва првпат ќе биде претставена и пред домашната публика. Од 2012 година „Елема Монохроматик“ се стекна со висок углед и веќе неколку години е презентирана во повеќе градови низ Европа.