Наплатата на даноци и придонеси заклучно август е повисока за 120 милиони евра во однос на минатата година што е за 7 отсто повисока од истиот период лани.
Од Министерството за финансии велат дека тоа се должи во голема мерка на растот на данокот на добивка, чија наплата е подобра за 25 отсто во однос на лани или за околу 35 милиони евра.
– Тоа укажува на зголемена активност на фирмите. Исто така има раст на придонесите на 7 отсто укажува дека трендот на раст на плати и нови работни места продолжува и после второто тримесечје. Имено, високата наплата на придонеси во првото полугодие од годинава е поврзано со растот на платите за 5,6 отсто и растот на бројот на работни места за околу 10.000 нови- вели министерот за финансии Драган Тевдовски.
Според Министерството за финансии, сервисирањето на обврските од државата се одвива непречено.
„Повратот на ДДВ кон фирмите е навремен и неселективен. Од почетокот на годината до крајот на август, во стопанството се вратени 250 милиони евра поврат на ДДВ. Во август е извршен најголем поврат во последните години, во износ од 44 милиони евра“, појаснуваат од Министерството.
Од финансии додаваат дека во овој период се забележува поголема инвестициска активност на компаниите.