Памела Андерсон го „шутна“ фудбалерот

505

Актерката Памела Андерсон (51) ја прекина врската со фудбалерот Адил Рами и си замина од нивниот дом во Франција, објавија светските медиуми.

– Изминатите недели Памела се дружеше со синовите на Адил. Срцето и се кршеше бидејќи Адил не ги гледа своите двегодишни близнаци колку што треба и мисли дека таа е виновна за тоа – изјавил пријател на францускиот репрезентативец за „ТМЗ“.

Пред да му раскине, Адил клекнал и ја запросил Памела. Таа, според информациите, го одбила, а многумина нејзиниот потег гонарекле суров, бидејќи веднаш после тоа и го оставила.

Фудбалерот на своите пријатели им рекол дека планирал иднина со Памела Андерсон и дека е шокиран од тоа како се одвивале работите.

– Типично е Памела да се жртвува за љубов. Ова е за среќата на Адил и доброто на неговите синови. На нив им е потребен повеќе отколку на неа. Памела знае дека тој еден ден ќе и биде благодарен – додал пријател на актерката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...