Мел Би двапати се обидела да се самоубие

298

Пејачката Меланија Браун (43), позната како Мел Би, во се уште необјавена книга со наслов „Брутално искрена“ изнела шокирачки детали од својот приватен живот.

Во копија од мемоарите, до кои дошле од „Радар онлајн“, наводно пишувало дека таа двапати се обидела да си го одземе животот – првпат кога имала 14 години, а вторпат во 2014 година, на свои 39 години, кога се предозирала откако дознала дека нејзиниот тогашен сопруг Стивен Белафонте наводно ја забременил нивната дадилка. Според информацијата, американскиот продуцент ја присилил дадилката да абортира, а Мел тогаш испила дури 200 таблети.

– Стоев пред огледало и ставав едно по едно апче во уста – открила Мел Би во книгата, која во тоа време завршила во болница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...