Во Хонгконг има најмногу ултра богаташи

Поранешната британска колонија минатата година забележала пораст на ултра богатото население од 31 отсто, па сега во Хонгконг ги има 10.000 такви луѓе. Во Њујорк пак, богаташи со најмалку 30 милиони долари на сметка сега има 9.000.

72

Њујорк ја изгуби титулата како град со најголем број на ултра богаташи, откако на прво место во свет изби Хонгконг, во кој сега живеат најмногу екстремно богати луѓе.
Азискиот град го тргна Големото јаболко од тронот како град во кој сега има најбројна популација која што има богатство од најмалку 30 милиони долари, покажа најновиот извештај на „Велт икс“, објави „Блумберг“.

Според информацијата, поранешната британска колонија минатата година забележала пораст на ултра богатото население од 31 отсто, па сега во Хонгконг ги има 10.000 такви луѓе. Во Њујорк пак, богаташи со најмалку 30 милиони долари на сметка сега има 9.000.

На третата позиција според бројот на богаташите е Токио, додека Париз го победи Лондон и на тој начин ја презема европската круна. Се коментира дека Брегзит го зел својот данок од британската престолнина.

Њујорк своето место на најбогат град во светот го држеше од 2011 година.

Меѓу најбогатите луѓе во светот кои живеат во Хонгконг е и милијардерот Ли Ка-Шинг, чие царство „CKHUY” контролира пристаниште, телекомуникациски мрежи и енергетски компании ширум светот.

На глобално ниво, бројот на ултра богаташи се зголемил за 13 отсто од 2017 година, па сега вкупно ги има 250.000, со вкупно богатство вредно 31,5 илјади милијарди долари. Повеќето богаташи заработиле меѓу 30 и 100 милиони долари, додека 2.700 од нив лани забележале приходи од милијарда долари.

На листата на ултра-богаташите, 14 отсто се жени.

Азија токму благодарение на Хонгконг и Кина забележала најголем пораст меѓу ултра богаташите. Меѓу нивните најбогати жители се и Џек Ма и Пони МаПо, основачите на „Алибаба“ и „Тенсента“.

– Динамиката на создавање на богатство на големиот кинески простор е неверојатна – стоело во извештајот.

Според проценките од минатата година, еден од седум лица кои живеат во Хонгконг е милионер. Богатството на оние кои живеат во Хонгконг го следат и цените на недвижностоте. Астрономските цени по кои се продаваат станови и недвижнини доживеале свој максимум во ноември минатата година, кога најскапиот апартман во Азија е продаден по цена од 149 милиони долари. Рекорд е срушен и во продажбата на места за паркирање, па така едно место купено за 430.000 долари, подоцна е продадено по двојно поголема цена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...