Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска на прес-конференцијата во Владата изрази жалење дека бил погрешно разбран на брифингот со новинарите пред неколку дена на кој, според него, му паднал фломастерот и удрил на масата, а за кој, беше обвинет дека со тоа нападнал новинар.
– На брифингот во Владата на РМ додека објаснував за деталите на процесот за радвижување на инвестициите во РМ, на завршувањето на настанот, од висина го испуштив фломастерот на најблиската маса и жалам доколку некој тоа го сфатил на подруг начин. Ниту имав идеја тоа така да го сфатат, ниту пак така постапив – рече Анѓушев.
Тој побара од новинарите за него да судат по постапките и резултатите кои ги остварува.