Премиерот на Абхазија загина во сообраќајна несреќа

758

Премиерот на грузиската сепаратистичка област Абхазија, Генадиј Гагулија доцна синоќа загина во сообраќајна несреќа додека се враќал од аеродром по посетата на Сирија, изјави секретарката на регионалната влада Дијана Зантарија.

Во автомобилот, во кој се наоѓал премиерот, удрило возило од спротивен правец, управувано од млад жител на Абхазија. При анализата не било откриено присуство на алкохол кај младиот возач, но затоа бил позитивен на наркотици. Обвинителството веднаш поднело кривична пријава против него.

Во несреќата биле повредени возачот на Гагулија и еден телохранител, но брзо биле пуштени од болница. Во колоната која патувала со Гагулија се наоѓал и претседателот на Абхазија, Раул Хаџимба, но тој не е повреден.

Абхазија се наоѓа на брегот на Црно Море, во северозападниот дел на Грузија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...