Пејачката Долорес О`Риордан починала од давење во када како последица на труење со алкохол, покажала истрагата во Лондон, пишува британски „Индепендент“.
Поранешната членка на бендот „Кренберис“ беше пронајдена мртва на 15 јануари во соба во хотелот „Лондон Хилтон он Парк Лејн“, каде што престојувала заради снимање на нови песни. Имаше 47 години.
Лондонската полиција тогаш тврдеше дека смртта на Долорес не е сомнителна, а судот нареди бројни тестови.
– Долорес беше ужасно депресивна со недели пред смртта. Имаше и болки во грбот заради што откажа повеќе настапи минатата година – изјавија нејзините блиски пријатели.
ФОТО: EPA-EFEWALTER BIERI