Наредба на Вучиќ за армијата и полицијата пред посетата на Косово

Српскиот претсетадел Александар Вучиќ наредил на армијата, а потоа побарал од полицијата и од разузнавачката агенција да прекинат секаква комуникација со косовската полиција.

350

Српскиот претсетадел Александар Вучиќ наредил на армијата, а потоа побарал од полицијата и од разузнавачката агенција да прекинат секаква комуникација со косовската полиција, КФОР и кои било албански и меѓународни претставници кои се активни на територијата на Косово, по повод неговата посета, јави Танјуг.

Вучиќ вечерва ќе донесе одлука за можно заминување во посета на дел од Косово, а според српската агенција, меѓу неговите соработници има целосна поделеност за прашањето за посетата на Косово.

Посетата на претсетаелот на Србија, претходно најавена за утре и задутре, ненајдено беше доведена во прашање по информациите дека Приштина има намера да го спречи да ја посети Газивода.

ФОТО: СНС Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...