Коѕијас до Ле Дриан: Договорот од Преспа е одговорност кон иднината

164

Се надеваме дека набргу ќе се ратификува Договорот што ќе придонесе за стабилност во регионот, порача министерот за надворешни работи и европски прашања на Франција по средбата со неговиот грчки колега.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Договорот од Преспа беше една од темите за кои разговараа Никос Коѕијас  и Жан-Ивес Ле Дриан на нивната денешна средба во грчкото МНР.

– Едно друго многу важно прашање, од историско значење, за кое разговавме е постигнувањето договор за името на поранешната југословенска Република Македонија. Се надеваме дека набргу ќе се ратификува овој договор што ќе придонесе за неопходната стабилност што треба да постои во регионот – рече шефот на француската дипломатија на прес-конференцијата по средбата.

– Разговаравме и за Договорот од Преспа, договор кој е резултат на дијалог, на култура на консензус. Тоа е договор на одговорност кон регионот и неговата иднина – рече шефот на грчката дипломатија.

Министерот за надворешни работи и европски прашања на Франција при неговата работна посета на Атина се сретна и со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, а вечерва ќе разговара и со лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...