Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се пошегува за ниската гледаност на доделувањето на Оскарите.
„Најниска гладаност на Оскарите во историјата. Проблемот е што повеќе немаме ѕвезди – освен вашиот претседател“, напиша Трамп на Твитер.
Церемонијата на доделување на Оскарите ја следеле 26,5 милиони гледачи, што е рекордно мал број. Првпат доделувањето на Оскарите го гледале помалку од 30 милиони луѓе.
Во САД, Оскарите се често најгледана шоу програма на телевизија по Супер Бол, но годинава тоа не беше случај. Отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг го следеа 27,8 милиони гледачи.