Игор Којиќ испрати јасна порака со најновата фотографија на Инстаграм (ФОТО)

Игор објавил фотографија на која тој и Северина првпат го носат нејзиниот син во училиште во Загреб.

677

Откако на Инстаграм ѝ пружи поддршка на својата сопруга Северина по објавувањето во јавноста на експлицитни фотографии на кои наводно е таа, Игор Којиќ го затвори својот профил на Инстаграм.

Сега неговиот профил е повторно отворен, но на него ги нема фотографиите на Александар Поповиќ кои претходно ги објави.

Наместо тоа Игор објавил фотографија на која тој и Северина првпат го носат нејзиниот син во училиште во Загреб. На неа се свртени со грб кон камерата и чекорат кон украсениот влез на училиштето.

Очекувано, иако Александар во училиште го испрати и неговиот татко Милан Поповиќ, тој не е на оваа фотографија.

Имајќи предвид дека родителите на Александар се повторно на суд околу старателството, Игор Којиќ јасно покажал што му е единствено важно во тој хаос.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...