Весели со закани: „Ако одлучиме да не дојде, Вучиќ нема да влезе на Косово“

Претседателот на косовскиот Парламент Кадри Весели изјави денеска дека Приштина издала дозвола за посета на српскиот претседател Александар Вучиќ.

156

Претседателот на косовскиот Парламент Кадри Весели изјави денеска дека Приштина издала дозвола за посета на српскиот претседател Александар Вучиќ, но дека таа одлука во случај на дестабиизација може да се промени.

– Ако одлучиме да не дојде, Вучиќ нема да влезе на Косово – изјави Весели. Тој се закани дека Вучиќ ако би дошол без довола, би поминал исто како и Марко Ѓуриќ, објави Косова прес.

– Нека се обиде без дозвола, знае како помина со тој другиот (Марко Ѓуриќ) – изјави тој, пренесе Танјуг. Весели додаде дека и да дојде, Вучиќ нема што да бара на езерото Газивода.

ФОТО: EPA-EFEVALDRIN XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...