Еден човек загина и 48 се повредени во силен земјотрес што ноќеска ја погоди Јапонија.
Потресот со интензитет од 6,7 се случил во три часот и 12 минути по локално време. Епицентарот бил во округот Ибури на длабочина од 37 километри на остоворот Хокаидо.
Земјотресот предизвикал уривање на населени места на островот.
Во Кабинетот на премиерот Шинѕо Абе е формиан кризен штаб и најмалку 25 илјади војници се испратени за справување со последиците од портесот.
Во градот Ацума 20 луѓе се водат како исчезнати.
Потресот го прекинал снабдувањето со струја на островот Хокаидо поради што речиси три милиони домаќинства се без електрична енергија.
Поради потресот откажани се над 200 летови и запрено е движење на возови.
ФОТО: EPA-EFE-JIJI-PRESS-JAPAN