Трамп: Никогаш не сум ни разговарал за атентат врз Асад

Американскиот новинар Вудворд напиша во книгата дека Трамп минатата година сакал Асад да биде убиен.

60

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не барал атентат врз сирискиот лидер Башар ал- Асад, оспорувајќи ги наводите од книгата на Боб Вудворд „Страв: Трамп во Белата куќа“.

Трамп на новинарите им рекол дека за можноста за атентат на Асад „никогаш не ни било разговарано“.

-За тоа никогаш не се ни размислувало, ниту ќе се размислува – изјави Трамп, со оценка дека книгата на Вудворд е „фикција“.

Американскиот новинар Вудворд напиша во книгата дека Трамп минатата година сакал Асад да биде убиен, но министерот за одбрана Џејмс Матис го игнорирал неговото барање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...