Општините ќе вградуваат фотоволтаици на јавните објекти

На располагање се два милиони евра грант средства од ИПА на ЕУ. Грантот е наменет за 35 општини во четири региони со најнизок БДП по глава на жител.

154

Општините се заинтересирани да користат државна помош за вградвање фотоволтаични системи на јавни објекти. На повикот се добиени голем број апликации од 30-те општини од региони со понизок БДП по глава на жител. На располагање се два милиони евра грант средства од ИПА на ЕУ.

– Станува збор за околу 30 општини тие аплицираа со проекти преку кои ќе постават фотоволтаични системи во објекти на училишта, противпожарни станици, административни згради, печистителни станици.. – изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.

Тој оцени дека е најважно оти градоначлниците и општините имаат навистина интерес да ја подобрат ефикасноста, односно да ги намалат трошоците пред се на електрична енергија со користење на вакви системи.

– Ова е добро бидејќи од една страна на Република Македонија ќе го подобри користењето на обновливата енергија, а од друга страна ќе ги намалиме трошоците бидејќи овие системи во јавни објекти ќе ги намалат трошоците – рече Тевдовски.

Тој појасни дека ќе следи анализа на проектите, а потоа ќе се влезе во фаза на тендерирање и обезбедување на фотоволтаични системи.

Грантот е наменет за 35 општини во четири региони со најнизок БДП по глава на жител. Средствата на општините им се доделуваат во форма на грантови и истите треба да придонесат за подобрување на инфраструктурата во руралните средини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...