Тевдовски: Нема потреба од ребаланс, буџетот е во добра кондиција

Тевдовски вели дека редовно се праварт анализи и ако сметаме дека треба да се направат некои корекции тогаш ќе излеземе и ќе соопштиме.

40

Макроекономските показатели се одлични и позитивни, а и ликвидноста на буџетот е одлична и од тој аспект нема потреба од ребаланс на буџетот, оцени министерот за финансии Драган Тевдовски.

– Сите макроекономски индикатори се одлични и се позитивни и се движат во позитивна насока. Индустриското производство објавено минатата недела покажа раст од осум проценти во однос на јули лани, а за седумте месеци од оваа година раст од 5,6 проценти, што покажува дека во 2018 година индустријата сериозно почнува да расте во однос на состојбата во 2017 година. Исто така, извозот е силен и е повисок од 10 проценти по различни месеци, некаде и повисок. Кредитирањето е силно, инфлацијата е целосно под контрола. Потоа кај даноците, кои се најдобриот индикатор дали економските субјекти ја движат економијата и работат, има одлична наплата и сериозно зголемување, согласно проекциите, а некаде и повисоки. Сето тоа укажува дека ликвидноста на буџетот е одлична и веројатно првпат по многу години имаме одлична ликвидност на буџетот и можеме да реализираме се, односно не постои ништо што чека во трезорот на МФ- изјави Тевдовски.

Тевдовски вели дека редовно се праварт анализи и ако сметаме дека треба да се направат некои корекции тогаш ќе излеземе и ќе соопштиме.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...